Отворена 49-та изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ 

  Денеска во Центарот за култура – Битола беше отворена 49-та изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“  Денеска во Центарот за култура – Битола беше отворена 49-та изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ 

  Четириесет и деветтата по ред Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ ни донесе нов здив на креативност, разновидност, уметност и убавина. Прекрасните творечки искуства низ децениите на пулсирање на изложбата, која допре до креативниот вруток на десетици илјади детски срца, секоја година носат нова свежина, нови ликовни техники на изразување, квалитетен творечки континуитет и исполнување на визионерската мисија за инспирација, континуитет и уметничка надградба на народните културни вредности. – истакна стручниот соработник Валентин Соклевски.

  Како резултат на посветената на работа на децата творци, нивните ликовни педагози и ментори, оваа година стручната жири комисија селектира за изложување 610 детски ликовни творби од 57 ликовни колекции од основните училиштата од РС Македонија.

  Изложбата е едно патување во имагинација на децата – секое парче ликовно дело е сведоштво за богатата таписерија на нашето културно наследство.  Преку палетата на традиционални уметнички форми, фолклор и историски симболи, овие млади уметници изработија уникатни ремек-дела што ја „преповторуваат“ душата на нивните културни корени но истовремено внесуваат автентична креативност и уметнички инова￾ции создавајќи уникатни визии за своите приказни со светот. Овде сме сведоци на безвременоста помеѓу културното наследство и креативното из￾разување кое поттикнува истражување и негување на традицијата, истакнувајќи ја клучната улога на културното образование во негувањето на уметничкиот раст и личниот развој кај децата. – истакна директорката Маја Андоновска – Илијевски.

  Во рамките на свеченото отворање на изложбата, со неколку орски народни мелодии се претставија и дел од членовите на изворниот оркестар на КУД “Илинден” – Битола