Камерен Оркестар ⋮IWConnect дел од настанот на Heineken во Градски Парк Скопје

На само еден месец пред музичкиот спектакл The Stars Symphony кој е во организација на Камерен Оркестар ⋮IWConnect и општина Битола, оркестарот беше дел од незаборавниот настан организиран од Heineken за следење на финалето во фудбал, одржан во Градскиот Парк во Скопје на кој присуствуваа повеќе од 4000 пубика. Настанот, кој го привлече вниманието на бројни љубители на спортот и музиката, беше дополнително збогатен со нашиот музички проект – MTV The Greatest Hits 80’& 90s.

Во атмосфера исполнета со возбуда и радост, љубителите на фудбалот и музиката уживаа во спектакуларната комбинација на спортско шоу и музичко уживање. Нашиот оркестар настапи со најголемите хитови од MTV 80’s & 90’s , создавајќи вечер за паметење за сите присутни.

Настанот беше одлично организиран од страна на Heineken, кој обезбеди совршени услови за следење на финалето, со големи екрани и висококвалитетен звук. Публиката имаше можност да го проследи натпреварот во пријатна и опуштена атмосфера, додека нашите музички изведби го збогатија целокупното искуство.

Камерен Оркестар ⋮IWConnect беше почестен да биде дел од оваа извонредна вечер и да придонесе за создавање на незаборавни моменти за сите присутни. Благодариме на Heineken за поканата и можноста да бидеме дел од овој фантастичен настан.

За повеќе информации за настаните на Камерен Оркестар, следете ги профилите на нивните социјални мрежи Facebook и Instagram.