Монодрами од Бугарија и Турција вчера на Фестивалот на монодрама

Во рамките на третиот фестивалски ден во терминот од 20:00 часот актерот Север Иванов ја изведе монодрамата „Кученцето се насмеа“ во режија на Ана Батева а во продукција на Спам Студио од Софија, Бугарија.

Втората монодрама синоќа во терминот од 21:30 беше на театарот Painted Bird од Истанбул, Турција. Актерката Седа Елхан ја изведе „Куќата на Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Јешим Кочак и Јале Карабекир.

Вечерва публиката ќе може да ги погледне монодрамите од Грција и Македонија. И тоа „Медеја – црвена празнина“ по мотиви на Еврипид а во изведба на Деспина Сарафеиду. А по неа следува популарниот македонски актер Игор Ангелов со „Со сите најубави работи“.

во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од синоќешната фестивалска вечер

фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски