Во рамки на офф програмата на Интернационалниот фестивал на монодрама и оваа година на битолски Широк сокак се најдоа неколку живи статуии. Овој пат на плоштадот Магнолија, наспроти Центарот за култура, кај споменикот на Стив Наумов и пред „Јагода“ беа 4 живи статуии кои се нови и ова е нивно второ „поставување“ по неодамнешниот Статуа фест во Скопје.



