Промовиран новиот број на училишниот весник на Горната гимназија

СОУ „Јосип Броз – Тито“ денеска го промовираше третото издание на училишниот весник „Нова Веда“.

Новиот број на „Нова Ведa“ целосно го подготвија учениците под менторство на професорт Никола Трајковски. На промоцијата сите ученици кои работеа на весникот ги презентираа своите текстови а беа најавени и плановите за новото издание.

„За новиот број, „Нова Веда“ целосно го презедоа учениците и мојата обврска беше само како ментор. Учениците сами презедоа иницијатива и овој број а се надевам и сите наредни ќе бидат нивни производ“. – вели професорот Трајковски во предговорот на новиот број на весникот.

„Нова Веда“ од следната година го превзема нова генерација на ученици и уредник, тие уште во текот на летниот распуст ќе работат на првите материјали а новиот број освен работата на гимназија ќе биде составен од сегменти од културните случувања во перидот до промоцијата на новиот број.