ПОРТРЕТИ НИЗ ГОРНАТА – изложба на фотографии на ученичката Дамијана Ристевска

Во рамки на свечената прослава на патронатот на СОУ „Јосип Броз – Тито“ попладнево во кафе-бар “Јагода“ во Битола беше отворена изложбата “Портрети низ Горната“ на ученичката Дамијана Ристевска од трета година, под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.

Модераторот Емилија Ристевска – Стефановска професор по музичка уметност ја најави изложбата со зборовите:

Ова е трета година по ред кога се “дружиме“ со фотографиите на Дамијана, која следејќи ги  современи текови во уметноста на фотографија, која преку оваа изложба ги доловуваа сите моменти на дружење, комуникација, учење, љубов… во нашата гимназија. Во чест на патрониот празник токму пред почетокот на свечената приредба, сите ќе можат да ги разгледаат  фотографиите “Портрети низ Горната“. Се надевам и кога по многу години Дамијана ќе студира и ќе твори на друго место ние ќе се сеќавеме на овои празнувања на нашиот патрон, а кога ќе ги гледаме овие фографии ќе се присетиме какви сме биле пред годините. 

Менторот Александар Поповски наставник по ликовна уметност и ментор на ученичката Дамијана Ристевска ја отвори изложбата и кажа дека низ нејзиот објектив портретите на ученици и професорите се доловени многу реалистично.

Оваа година се подразбираше некако дека треба да продолжиме во таа насока со трета по ред изложба на фотографии.

-Дамијана во фотографијата напредува од година во година и фотографиите од годин во година се подобри.

Преку нејзините фотогрфафии Гимназијата добива сосема друга димензија. Ова е нејзина трета самостојна успешна изложба, а и има учествувано и на шест колективни изложби и посакувам уште многу фотографии и изложби во иднина.