Театарската школа Бабец од Битола со награда на ДАФ-Кочани

Изминатава недела се одржа шеесет и првото издание на Драмски аматерски фестивал-Кочани. Репертоарот беше мошне богат, со повеќе од петнаесет претстави од различни градови од Македонија и соседството. Фестивалот се отвори минатиот понеделник, со претставата „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар, а затворањето беше во саботата со две претстави на македонски театри и „Полански протоколи“ на АКУД Ниш од Србија.

Успешно учество на фестивалот зеде и комедијата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Јулијана Мирчевска, а во изведба на Театарската школа Бабец од Битола, при што, наградата во категоријата за најдобра главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка.

Образложение на комисијата: „Таа се наградува бидејќи најдобро и најуверливо го толкуваше ликот на Живка. Притоа маестрално ги долови комичните моменти во претставата, како и одличната актерска дисциплина и техника на сцената.“

Останатите улоги ги толкуваа:

Јеротије Пантиќ – Дарко Велкоски

Анѓа Пантиќ – Анастасија Огненова

Марица Пантиќ – Матеа Василевска

Ѓока – Стефан Доневски

Виќа – Леон Дојчиновски

Таса – Софија Наумовска

Милица – Ана Анѓелевска

Миладинка – Сара Радевска

Алекса – Ана Марија Каранфиловска

Официјална Facebook-страна на Бабец театар Битола.