Започнува 25-то издание на Фестивалот на монодрама

Под мотото „Слободата живее тука“ од 25-ти до 31-ви мај во Битола ќе се одржува јубилејното 25-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Фестивалот се отвора со шоу спектаклот „Глумците пеат“ со 90 учесници на сцена од кои 40 актери и 30 музичари. Во официјална конкуренција се 10 претстави од: Србија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Казахстан, ОАЕ, Грција, Турција и Македонија. Жирито кое го ќе го додели фестивалското гран при е во состав: Зоја Бузалкова, Билјана Драгичевиќ – Пројковска и Нина Мазур.

Ова е фестивал кој што покажа и докажа дека монодрамата како театарска форма е многу значајна за актерот и ова единствен фестивал кој го слави актерот и исклучиво актерот. Нашето мото „Слободата живее тука“ е една директна асоцијација дека актерите и уметниците се во константна трка по постојана слобода која што ја наоѓаат на сцените кои творат.“ – потенцираше Маја Андоновска – Илиејвски, директор на Центарот за култура.

Минатата година после долга пауза се распиша конкурс за монодрамски текстови а оваа година ќе биде промовирана и книга со најдобрите 3 монодрамски текстови.

Првите години имавме и конкурс за монодрамски текст. Сакавме да ја збогатиме литературата и културата во Македонија со монодрамски текстови. Тоа беше првите неколку години и за жал се прекина. Сега повторно го распишавме и реализиравме конкурсот. Се надевам прво публиката па и книжевните кругови ќе бидат задоволни, а се разбира и актерите и драмутрзите кои ќе можат да црпат од тоа творештво.“ – рече Љупка Коларова од Центарот за култура – Битола.

Мислам дека имаме интересна театарска продукција на монодрами и мислам дека овие монодрами ќе задоволат сечиј вкус. Очекуваме како и секоја година публиката да биде во голем и број и да има добар прием.“ – кажа селкторот на фестивалот Петар Мирчевски.

Покрај официјалната програма фестивалот ќе има и ОФФ програма која ќе се реализира во Центарот за култура и неколку локации низ градот. Освен промоцијата на книгата со монодрамски текстови, на Широк сокак ќе има жонглерски перформанс за најмладите а и оваа година гостуваат живи статуии кои на неколку пунктови ќе ги прикажат најновите статуии кои беа подготвени за неодамнешниот Статута фест во Скопје.