Отворена изложба по повод 100 години од раѓањето на Тоде Ивановски

Завод и музеј Битола денес ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на Тоде Ивановски, уметник и партизан а во рамки на одбележувањето на 90 години од постоењето на Завод и музеј – Битола.

Вековниот јубилеј од раѓањето на познатиот уметник беше одбележано со изложба во соработка со Сојузот на борци а со дела отстапени од семејството на уметникот. Сојузот на борци јубилејот од раѓањето ќе го одбележи и со уште една активност во чест на Ивановски и тоа со ликовен и литературен конкурс за основците.

Низ деветте децении постоење оваа национална установа ја потврди улогата и на промотор на културата, традицијата и културното наследство. Таа е една од водечките институции за музејска дејност и вреден чувар на вековната македонска историја. Денес на мапата на музејот се: Старата касарна – денешната административна зграда, Спомен собата на Ататурк, Јени џамијата, Магазата, Џепането, спомен куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов, Спомен куќата на Татарчеви во Ресен, Меморијалниот музеј во Смилево, Старото училиште во Љубојно и Хераклеја.