Нуми Рапас ќе ја игра Мајка Тереза во филмот на Теона Стругар Митевска

Нуми Рапас ќе ја игра Мајка Тереза во новиот биографски филм за легендарната католичка светица, во режија на Теона Стругар Митевска. Шведската актерка (44) ќе глуми во „Мајка“, која ќе се фокусира на седум клучни денови од животот на Мајка Тереза. Филмот ќе се фокусира на одлуката на светицата да го напушти манастирот Лорето во Индија и да започне со сопствен ред и манастир. „Мајка“ ќе биде дебито на Теона на англиски јазик и режисерката чувствува дека може да се поврзе со католичката светица, која почина во септември 1997 година, на 87-годишна возраст.

„Апсолутно се поврзував со неа како жена и видов многу од себе во неа“. – истакна режисерката.

Нуми се прослави во 2009 година бидејќи ја играше компјутерската хакерка Лизбет Саландер во „Девојката со тетоважа на змеј“. Таа, исто така, се прослави со улогата на Мадам Симза Херон во „Шерлок Холмс: Игра на сенки“ во 2011 година. Актерката неодамна глумеше како астронаут во вселенската серија на Apple TV+ Constellation.

Митевска претходно режираше документарна серија за светителката под насловот „Тереза и Јас“. Овој филм ќе се снима во Белгија и Индија а копродуценти се белгиската Entre Chien et Loup, данската Frau Film, холандски Baldar Film, и шведските Spark Film & TV и Film i Väst. Индиски партнер на филмот е India-Kolkata Raging Films а премиерата се очекува во 2026 година.