„Биди малку смела“ – како личните бунтови да се преточат во став преку визуелни уметности

Мотивациска работилница „Биди малку смела“ кои поттикнуваат самоистражување, спознавање на лични бунтови и ставови и нивно преточување во став преку визуелни уметности се одржа во Битола.

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА креира “сигурен простор” кој иницира будење на сочувство и меѓусебна поддршка на девојките и жените. БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс туку инспирира на промислување, саморефлексија, ја канализира
енергијата и ја трансформира во креатива. БИДИ МАЛКУ СМЕЛА започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметности, нежно и смело поттикнуваат на самоистражување, спознавање на личните бунтови и стравови
и нивно преточување во став и конструктивна визуелна уметност.

Визионерката на БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е Ангела Христовска – визуелен уметник.
Гостинка на овие работилници беше Катерина Ангеловска автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness (свесна) медитација, Реики мастер енергетски терапевт, мотивациски говорник.

Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализира проектот „Биди малку смела“ кој е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес.