Во среда ќе биде отворена изложбата „Монодиоптрија“

   Во среда, 22-ри мај во Центарот за култура – Битола ќе биде отворена изложбата „Монодиоптрија“, како своевидна најава на Интернационалниот фестивал на монодрама.

   „Монодиоптрија“ е визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии создадени од фотографот Диоген Хаџи – Коста Милевски кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актерите во монодрамите одиграни на сцените на фестовалот во изминатите години.

   Отварањето на изложбата ќе биде на 22-ри мај во Фоајето на НУ Центар за култура – Битола во 19:30 а сите љубители на фотографијата ќе можат да ја погледнат оваа „Монодиоптрија“ до 31 мај. Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а партнери на проектот се НУ Центарот за култура и здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола.

   Јубилејното 25-то издание на овој фестивал започнува подоцна оваа седмица, односно од 25-ти до 31-ви мај. https://www.facebook.com/internationalmonodramafestival