Македонскиот бенд „Пеперминт“ со песна на јапонски јазик

Синоќа во Скопје македонската музичка групата „Пеперминт“ ги промовираше новите песна и спот. Песната е со наслов „Minna Aishiteru” (Сите ги сакам) на македонски и на јапонски јазик. За јапонската верзија, „Пеперминт“ работеле во консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, со што е првиот македонски бенд со авторска песна на јапонски јазик.

На промоцијата се обрати амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја а бендот изведе неколку песни во живо. А во духот на јапонската традиција гостите се послужуваа со суши и јапонски пијалаци а се слушаше и музика од Азија. Настанот беше во организација на здружеието „Пагода“, кое се залага за промоција на источноазиски култури во Македонија.

„Пеперминт“ е рок група оформена во 1999 во Скопје од Горан Трифуновски-Пајак. Досега ги има издадено албумите „Некако така“, „Ама ако“, „МТВ анплагд“ и „Пеперминт 2016“.