НУ Камерен Оркестар на Битола синоќа одржа концерт во Врање, Република Србија.
Во театарот „Бора Станковиќ“ со нивниот концерт беше отворена традиционалната манифестација ,,Мај месец музике” посветена на класичната музика. На програмата беа дела за виолина, флејта, гудачи и чембало од Вивалди, Чајковски, Сибелиус, Рутер и Трајко Прокопиев. Солист на една точка беше флejтист Страшко Темков.
„Ова е манифестација која не само по времетраењето, туку и по содржината се покажа вредна за внимание. За тоа сведочи и бројот на посетители кои редовно ги следат концертите, па слободно можеме да кажеме дека таа успеа да ја изгради својата публика.“ – истакна заменик градоначалникот на Врање.
Манифестацијата вклучува 12 концерти и ќе трае до 24 мај.


