Калиопи со концерти во Битола и Скопје

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена Борис Трајковски“ како и во Хераклеа – Битола, на 20 јули.

Во моментов го подготвува својот нов албум, кој на јавноста ќе и биде претставен до крајот на овој месец. 

На 20 јули и 19 октомври, Калиопи ќе го донесе својот куфер на љубовта во Хераклеа – Битола, како и во „Арена Борис Трајковски“, а вие треба да донесете само позитивна енергија и да уживате.

Картите за концертите се веќе пуштени во продажба.