„Глумците пеат“ за прв пат во Битола

25 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама се отвора со вистинско шоу. „Глумците пееат“ доаѓаат за прв пат во Битола и ова е прв град во кој настапуваат, освен во Скопје.

40 извонредни и талентирани актери, со Биг бенд оркестар на сцената, во живо ќе ги пеат најголемите евровизиски хитови. Ние не сме учесници на Евровизијата…според многумина, за среќа. Зошто, што ќе се случи ако победиме на Евровизија и треба да ја организираме дома?Имаме ли сала? Урнебесни ситуации, многу смеа и забава ја очекува публиката на 25-ти мај во Центарот за култура во Битола. Ќе има и гласање, а кој победи ќе дознаете доколку го погледнете шоуто.

Билетите се во продажба од оваа среда а наскоро очекувајте повеќе детали.