Камерен оркестар на Битола гостува во Врање, Србија

НУ Камерен Оркестар на Битола во понеделник гостува во Врање, Република Србија.

На 13-ти мај во театарот „Бора Станковиќ“ официјално ќе биде отворена традиционалната манифестација ,,Мај месец музике” посветена на класичната музика. Програмата вклучува 12 концерти, а НУ Камерен Оркестар на Битола ќе одржи концерт на првиот ден, односно на отворањето на манифестацијата. Влезот е бесплатен за сите посетители.