Отворена изложба на фанзини покрај Драгорот

Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола денес се одржа изложба на фанзини од
работилницата за креативно пишување за млади на возраст од 15 до 19 години. Изложбата беше
отворена пред кафе бар Улаф Сте во Битола. Ментори беа Марија Бошковска и Ивана Смилевска („Дума ин Сума“) а дизајнот е на Дарко Алексовски.

Мала книгичка, или фанзин е неофицијално издание создадено ентузијастички и панкерски, по
„направи сам“ техника, а обработува одреден културен феномен, како на пример литературен
или музички жанр. Фанзините се користат за споделување идеи и креативно изразување.*
Едно златно девојче, една таинствена девојка, една среќна пијаница и многу љубов… Се само дел
од книжевните ликови, гости на балот, направени со природна или со вештачка интелигенција
преку непредвидливи кЛИКови и кирилични формули. Ликовите и нивните приказни се бројни и
посебни, книжевно-имагинарни светови. Во нив ќе може да се влезе преку малите книгички –
фанзини, со кои може да се споделува кирилица надвор од рамките на дигиталното објавување
и комерцијалното издаваштво.

Проектот Урбана Агенда за поддршка на независната културна сцена е финансиран од
Швајцарската амбасада во Скопје.