Премиера на „Лавина“ во режија на Наташа Поплавска во НУ Турски театар

НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска  на 30-ти април во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? – се вели во описот на претставата.

Режисерката Поплавска е автор на сценографијата и костимографијата а познатиот рок музичар Ристо Вртев од „Архангел“ беше задолжен за музиката. Играат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија