„Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ во Народен театар – Охрид

Оваа сабота, на 27.4.2024 во 20:00 ч. на сцената на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, премиерно ќе се одигра претставата „Госпоѓа Министерка“ по текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Благој Мицевски. Претпремиерата е закажана за петок, 26.4.2024 во 20:00 ч. 

Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Дизајн и избор на музика: Благој Мицевски, Инспициент: Филип Ангеличин – Жура, Светло мајстор: Борис Велјаноски, Тон: Мартино Спироски, Видео материјали: Марјан Георгиевски, Фотографии: Pinestel .