Народен театар – Битола ќе учествува на фестивалот „Денови на Игор Вук Торбица“ во Нови Сад

Народен театар – Битола ќе гостува во Нови Сад на фестивалот „Денови на Игор Вук Торбица“ со претставата „Бакхи -краток преглед на распадот“ која Торбица ја режираше во овој театар во 2019 година.

,,Денови на Игор Вук Торбица,, е манифестација во чест на прерано починатиот уметник , која се оддржува од 25 до 29 април во Нови Сад Србија. Српското Народно Позориште , ќе биде домаќин на култните претстави кои ги режирал Игор Вук Торбица. Овие претстави оставија незаборавни моменти во театарите од регионот . Во рамките на ,,Игоровите денови,, ќе се соберат ансамбли од регионот, актери и негови пријатели , кои ќе говорат за неговата работа.

Играат: Маја Андоновска – Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Никола Стефанов, Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.