Битолчанката Ана Ванчевска единствен македонски претставник на San Remo Junior

13-годишната Ана Ванчевска од Битола беше единствен македонски претставник на детската верзија под франшиза на престижниот фестивал Сан Ремо во Италија.

Ана е ученичка во основно училиште а покрај тоа изучува виолина во Државното музичко училиште во Битола. Претходно настапувала на повеќе детски музички фестивали.

Ова е 15-то издание на детскиот музички фестивал под франшизата на престижниот „Сан Ремо фестивал“ а е наменет за деца од 6 до 15 години.

Видеото од настапот на Ана можете да го погледенте на следниот линк на Facebook