Скопската публика на нозе со MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s на Камерниот оркестар на Битола

Синоќа во Националната опера и балет се одржа уште еден концерт на Камерниот оркестар на Битола со проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s. Овој пат како Volume 2 а по големиот интерес за првите концерти минатата година во Битола и Скопје и овој концерт беше распродаден за два часа.

100 учесници на сцена, 10 извонредни изведувачи, оркестар во полн состав, хорот „Мирче Ацев“, и балетски играчи при Национална опера и балет приредија музичко-сценски спектакл со вечните хитови од легендарните Guns N’ Roses, Queen, Scorpions, Europe, Whitney Houston, Tony Braxton, Tina Turner, Coolio и многу други.

Агни Авшар, Наде Талевска, Полина Тасева, Наташа Миха, Јана Бурческа, Јасна Димитровска, Мила Николовска, Санела Шукриевска и Огнен Димовски помеѓу останатите ги отпеаа сега веќе култните: „Sweet Child O Mine“, „The Final Countdown“, „Send Me an Angel“, „Show Must Go On“, „Black Velvet“,„ I Wanna Dance with Somebody“, „Simply the Best“, „Heal the World“ итн.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски