Вечерва во Битола се отвора Фестивалот на грчки филм

Фестивалот на грчки филм кој се одржува по четврти пат, годинава за прв пат ќе се одржи покрај во Скопје и во Битола. Вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворен во Кино Манаки со проекција на филмот „Жена убиец“ на грчката режисерка Ева Натена.

Ева Натена е родена на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности. Работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа продолжила да работи со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија. Базиран на класичното ремек дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество. Но Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, бликава револуција набргу ќе биде изразена. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.

„НЕВИДЛИВ“ на Димитри Атанитис / ГРЦИЈА, 2016 / Драма / 85мин

Димитри Атанитис е член на Европската филмска академија, со реализирани 11 играни филмови со референци и 60 награди за неговата работа ширум светот. Неговиот дебитантски филм „Адио Берлин“ (1994) ја доби Специјалната награда на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Тесалоники „за иновативност во грчкиот филм“.Неговиот филм „Медеја“ (2022) доби 22 награди. Други филмови се „Без симпатии за ѓаволот“ (1997), „Среќа за три дена“ (2012) и „Авантура со поглед“ (2023). Автор е на книгата „Седмиот континент“ / „60 филмови засекогаш“. Неговиот филм „НЕВИДЛИВ“ (2016) освои 17 награди на меѓународните филмски фестивали.

Краток синопсис:

Арис е ненадејно отпуштен од фабриката во која работи. Чувствувајќи се како жртва, тој чекор по чекор станува опседнат со идејата да ја земе правдата во свои раце. Во моменти кога тој се чувствува целосно подготвен да продолжи со својата цел, неочекувано се појавува неговата поранешна сопруга, оставајќи му го нивниот мал син.

„ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ на Ева Натена / ГРЦИЈА 2023

Ева Натена е родена на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности. Работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа продолжила да работи со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија.

Краток синопсис:
Базиран на класичното ремек дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество.

Но Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, бликава револуција набргу ќе биде изразена. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.

„НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ НЕПРИСТОЕН, НО МОРАМЕ СЕРИОЗНО ДА РАЗГОВАРАМЕ“ / на Јоргос Георгопулос / ГРЦИЈА / 2019 / Комедија, драма / 99мин

Јоргос Георгопулос студирал режија на Школата за филм Ликургос Ставракос, а подоцна и социологија на Универзитетот Рома I. Режирал документарни и играни филмови. Со неговиот прв долгометражен филм, “TUNGSTEN”, патувал на многу филмски фестивали ширум светот и добил бројни награди. Филмот „ПОДОБРО ДА РАЗГОВАРАМЕ ОТКОЛКУ ДА БИДАМ НЕПРИСТОЕН“ е негов втор долгометражен филм со две награди и 14 номинации.

Краток синопсис:


На Арис сè му оди од рака. Како манипулант, како во неговата работна средина така и во личниот живот, тој ужива во животот како безгрижен женкар и миленик на неговиот шеф. Неговата среќа ќе се промени кога ќе открие дека е носител на сексуално пренослив вирус кој е смртоносен само за жените. Но, тој е и единствената надеж за пронаоѓање на лековита вакцина, доколку открие која од неговите поранешни девојки е носител на првиот вирусен вид.

ГРЧКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

„БЈУТИ“ – краток филм на Танос Либеропулос / ГРЦИЈА, 2020 / 20мин.

Краток синопсис:

Кали, невработена млада жена која живее со нејзината мајка која постојано ја контролира, бара излез низ блескавиот, но суров универзум на YouTube beauté. Таа ќе ги надмине своите граници за да ги задоволи нејзините неколку претплатници, а притоа да има насмеано лице и да одржува совршена претстава за себе.

„ПОГЛЕД ОД БАЛКОНОТ“ – краток филм на Арис Капланидис / Грција, 2022 / 12мин             
“FROM THE BALCONY” by Aris Kaplanidis / GREECE, 2022 / 12min

Краток синопсис:

Лина е средовечна госпоѓа која се чини дека никогаш не се поместува од балконот на својот стан, вмешувајќи се во се што се случува во нејзиното видно поле. Некои соседи се изненадени од нејзиното однесување, но повеќето ги нервира нејзиниот постојан поглед кон нив, се додека еден ден Лина ќе ја снема од балконот и тоа мало соседство ќе се промени засекогаш.

„ТИШИНАТА НА РИБАТА ШТО УМИРА“ на Василис Кекатос / ГРЦИЈА, 2019 / 19мин.

Краток синопсис:

Макис работи во фарма за риби. Одејќи на работа едно утро, го известуваат дека починал ден претходно. По неуспешните обиди да докаже дека е жив, тој ја прифаќа својата судбина и го поминува својот последен ден пред неговиот погреб обидувајќи се да обезбеди засолниште за своите сакани канаринци.