Александра Радовиќ ја разнежи битолската публика со своите емотивни песни

Еден од најдобрите поп женски вокали на Балканот, српската пејачка Александра Радовиќ синоќа одржа солистички концерт во Центарот за култура – Битола. Ова е прв концерт на Александра во Битола а таа вчеравечер во два часа ги изведе своите бројни хитови од две децениската кариера како: „Где чеш ову ноч“, „Бивши драги“, „Ако никада“, „Чувај моје срце“, „Мали пех“, „Чувам те“, „Влак“ и уште десетина други.

Една од ретките вистински дами на естрадата, често нарекувана српската Моника Белучи, Александра и вчера во нејзиниот препознатлив стил и елегенација пленеше на сцената. А раскошниот вокал и емотивните нумери беа вистинско уживање за нејзината верна публика.

Александра вечер има закажан концерт во Националната филхармонија во Скопје.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски