Два концерти на Камерниот оркестар на Битола овој месец

НУ Камерен оркестар на Битола денеска најави два концерти за месец април. Втората половина на месецот ќе биде посветена на македонска музика.

На 18-ти април во Офицерскиот дом од 20.00 часот ќе се одржи класичен концерт под насловот „Македонски вруток“.

А на 28-ти април следува вистински рок спектакл, и после долги години прв концерт во спортската сала „Боро Чурлевски“. Таму ќе се одржи концерт „Македонска Рок симфонија“, а наскоро ќе има детали за изведувачите и влезниците.