Претставата „Кислород“ на Народниот театар – Битола во режија на Иван Јерчиќ а по текст на Иван Вирипаев освои 5 награди од стручното жири на 27-от Арт Трема Фестивал во Рума, Србија.
Жирито во состав: Зијах Соколовиќ, Марина Вујчиќ и Недџима Чизмо , едногласно ги додели следните награди: СРЕБРЕНА ТРЕМИНА МАСКА за претставата „Кислород“, НАЈДОБРА РЕЖИЈА (ЗЛАТНА ПЛАКЕТА) на Иван Јерчиќ, НАЈДОБРА СЦЕНСКА МУЗИКА, НАЈДОБАР ДИЗАЈН( музика, звук, светло-тотал дизајн и НАГРАДА ЗА ПАРТНЕРСКА ИГРА на Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.
Претставата во 2022 година доби Grand Prix за најдобра претстава на Интернационалниот фестивал на дуодрама ,,Бранко Ѓорчев”.
