„Трета мајка“ на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ feat Теодосиј Спасов во луксузно винилно издание

Монументалното дело „Трета мајка“ на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ feat Теодосиј Спасов во луксузно винилно издание од Авалон продукција и Скардона.

„Кога си во овој бизнис, ако немаш винил помеѓу своите изданија, никако не можеш да зборуваш за затворање на кругот. 20 години подоцна, коцките се поклопија и со задоволство можеме да ви го најавиме нашето прво LP издание, во соработка со Scardona своевремено издадено од наша страна и во форма на компактен диск, извонредното парче музика на Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиj Спасов – ,,Трета Мајка”!“ – велат од Авалон продукција.

Станува збор за луксузно опремено издание на 180 грамски црн винил во 90 грамски хартиен омот, заштитени со антистатичка фолија и додатна налепница.

Сите оние кои изминативе неколку дена го слушнаа албумов тврдат дека до сега не слушнале ништо подобро на винил. Количините се многу мали и во моментов може да се најдат во продажба во Аудиокултура, Литература и Чув де чув.

Наскоро следат нови изненадувања околу проектот 20 години ,,Трета мајка”.