Проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 повторно во Скопје

По два извонредни концерти изминатата година во Скопје и Битола, вториот дел од проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 повторно во Скопје. И тоа на 13-ти април со почеток во 20 часот во Националната опера и Балет

Со 100 учесници на сцена, 10 извонредни изведувачи, оркестар во полн состав, хор Мирче Ацев, и балетски играчи при Национална опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо вечните хитови од легендарните рок бендови како Guns N’ Roses, Queen, Scorpions, Europe, како и на најдобрите хитови од Whitney Houston, Tony Braxton, Tina Turner, Coolio и многу други.

„Sweet Child O Mine“, „The Final Countdown“, „Send Me an Angel“, „Show Must Go On“, како и извонредните „Black Velvet“, „I Wanna Dance with Somebody“, „Simply the Best“, „Heal the World“, се само дел од хитовите на репертоарот од вториот дел на проектот MTV The Greatest Hits Volume 2.

Наскоро следува информација за изведувачите. Картите се во продажба на mktickets.mk.