Во Офицерскиот дом отворена изложбата „Монохроматска меланхолија”

Синоќа во Офицерскиот дом на Културниот и информативен центар – Битола беше отворена изложбата „Монохроматска меланхолија” од Ивона Кочов. Се работи за самостојна изложба со селекција на најдобрите уметнички фотографии од нејзината долгогодишната работа.

Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии. На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, ѝ подарува фотоапарат „Зенит“.

Фото: Дамијана Ристевска