Седма ко-продукција за новиот филм на Тамара Котевска

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска „Човек против јато” е поддржан од Грчкиот Филмски Центар со 150.000 евра, во соработка со филмската продукција „Астериск“.

Ова е седма копродукција откако филмот е поддржан од: EUROIMAGES, Филмскиот Центар од Србија со фирмата “Филмоскопија”, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар со фирмата “Нуклеус”, Филмскиот Центар на Црна Гора со “Синепланет”, Министерство за култура на Турција, како и ТРТ националната телевизија на Турција. А филмот е поддржан и од Агенција за Филм на Република Северна Македонија.

Дејствието на филмот се одвива околу еден горд селанец, неговата ќерка која сака да избега од својата традиционална улога и блогер кој ги бара сопствените изгубени корени кои покажуваат како традициите и современото општество се судираат низ генерациите.