„Веселите девојки“ доаѓаат во Битола

Адаптацијата на американскиот мјузикл „Girls Night“ претворена во музичко-сценски спектакл наречен „Веселите девојки“ во кој глумат и пеат: Ивана Петерс, Тијана Дапчевиќ, Зорана Павиќ, Маја Брункер, Јелена Ѓукиќ и Светлана Сретеновиќ на 12-ти април гостува во Битола.

Интересни животни приказни на пет различни жени, приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и за незадоволство и неисполнување. Режисерот Раде Вукотиќ ја „раскажува приказната“ за петте најдобри пријателки од детството кои повторно се здружуваат на моминска вечер во чест на бракот на ќерката на една од нив.

Покрај интересните песни како „Андреа“, „Апсолутно твој“, „Хајде да лудјемо“, „Јутро је“ и многу други, претставата ја прави интересна и драматичниот конфликт меѓу две пријателки, во кој секако сите останати се вклучени.

Тие на 23-ти и 24-ти март гостуваат во Националната филхармонија во Скопје а веднаш по Битола, на 13-ти април гостуваат во Центар за култура – Штип.