„Фрајле“ донесоа љубов и чардаш во Битола

Бескрајно харизматичните и автентични „Фрајле“ вечерва одржаа концерт пред битолската публика во полната сала на Центарот за култура – Битола. Популарното новосадско трио два часа со ист жар и заразна енергија ги изведуваше своите бројни хитови и преработки како „Ich liebe dich“, „Жута ружа са Дунава“, „Имала је лепу рупицу на бради“, „Ночас си моје вино“, „Невоља“, македонските „Јовано, Јованке“, „Во коси да ти спијам“, „Битола мој роден крај“ а премиерно ги изведоа и песните од новиот албум „Дневник душе“: „Пријатељ“, „Босонога“, „Живот ко вино“, „Тамбураши“ a битолската публика освен песни од новиот заеднички албум имаа прилика да ја слушнат и првата соло песна на фрајлата Наташа Михајловиќ, „Странац“.

Концертот беше во организација на Прагма продукција а „Фрајле“ после Битола славеничката турнеја по повод 15-от роденден ја продолжуваат во Штип, Скопје и Струмица.

фото галерија: Диоген Хаџи-Коста Милевски