Филмот „Амин“ на Ана Марија Јанковиќ со битолска премиера (Галерија)

Краткометражниот филм „Амин“ на младата режисерка Ана Марија Јанковиќ вечер ја имаше својата битолска премиера.

Дејството во краткометражниот филм „Амин“ е сместено во 1950 година, неколку години после Втората Светска Војна, каде Бенедикт, поранешен фашистички официр, доаѓа до судир со психичките последици од војната.

Режијата и сценариото на филмот се на Ана Марија Јанковиќ во продукција на Генерал Филм Студио. Продуцент – Дарио Јанковиќ. Актерската екипа е составена од нашите битолски актери Петар Горко, Маја Андоновска Илијевски и Петар Пепи Мирчевски. Директор на фотографија – Кристијан Теодоров. Сценографијата и костимографијата се на Зоран Николовски. Шминка – Стефанија Стојчевска, а оригиналната музика во филмот ја созаде Димитар Андоновски. Универзитет Скопје е генерален покровител на овој филм.

По проекцијата на филмот присустната публика ја поздрави екипата на филмот предводена од режисерката Ана Марија Јанковиќ, продуцентот Дарио Јанковиќ, актерите:  Петар Горко, Маја Андоновска – Илијевски и Петар Мирчевски, директорот на фотографија Кристијан Теодоров, костимографот и сценограф Зоран Николовски и шминкерката Стефанија Стојчевска.

„Мене ми е особено драго што една скопска студентка со потекло од Битола, собра битолска екипа и направи еден филм кој ќе се гледа на многу филмски фестивали. И да не заборави дека нејзиниот филмски почеток бил тука во Битола. Се надевам се поголем број на битолски актери ќе гледаме на големото платно.“ – истакна Маја Андоновска – Илијевски

„И благодарам на Ана Марија за довербата што ми ја даде оваа улога. Се надевам на идни соработки и можам само да ви кажам дека феноменално си поминавме на снимањето. Одлична екипа со која многу се смеевме иако филмот не го изискува тоа. Да се снима филм значи нешто величенствено.“ – истакна актерот Петар Горко.