Премиера на краткометражниот филм „Амин“ утре во Битола

Краткометражниот филм „Амин“ на младата режисерка Ана Марија Јанковиќ ќе ја има својата премиера утре во 3Д Кино Битола со почеток во 19 часот, а следниот ден и скопска премиера во Синеплекс.

Се работи за дипломска работа на Ана Марија Јанковиќ а во продукција на Генерал филм студио и Дарио Јанковиќ. Играат актерите Петар Горко, Маја Андоновска – Илијевски и Петар Мирчески. Директор на фотографија Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски.