Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Битола

Српската поп пејачка Александра Радовиќ најави уште два солистички концерти во Македонија. Таа претходно најави концерт во Скопје на 6-ти април во Македонска филхармонија, а сега се објавени датуми за уште два концерти. Имено таа на 5-ти април ќе одржи концерт во Центарот за култура – Битола, а на 7-ми април во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Таа денеска има настап во клуб во Охрид, а се чини годинава по долга пауза ќе биде многу поприсутна меѓу македонската публика.