Уметноста и убавината на јапонските кукли во Скопје

Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија со уникатната изложба „НИНГЈО“.

Куклите се незаменлив дел од нашето секојдневие, но може да се каже дека разновидноста и деликатната ракотворба во комбинација со длабока љубов се карактеристични за куклите во јапонската култура. Оваа изложба ќе претстави сеопфатен вовед за јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет. Нингјо значи „кукла“ или „човечки облик“ на јапонски и културата за кукли која се негува низ годините во Јапонија ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во 4 категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на нингјо културата“.

Цениме што секоја кукла на оваа патувачка изложба ќе биде добредојдена и пречекана низ целиот свет и се надеваме дека голем број на посетители ќе го искусат шармот на јапонските кукли.

Изложбата е организирана од Јапонската фондација, Археолошки музеј и Амбасадата на Јапонија со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија.