Откажани гостувањата на „Марлена“ во Скопје и Битола

Авалон продукција соопшти дека е откажно гостувањето на легендарната Мирјана Карановиќ со претставата „Марлена“ во Битола и Скопје.

Не постои проект во кој, во последно време, Авалон вложил толку многу љубов како во гостувањето на претставата ,,Марлена”. Но, едноставно, некогаш техничките (не)прилики се поголеми од било која желба, волја и енергија. – велат од Авалон.

И покрај преместувањето на скопската претстава од Македонска филхармонија во Македонскиот народен театар, констатирано е дека, од непремостиви технички причини, нема можност да се одржи гостувањето на претставата ,,Марлена” на 3-ти март во Дом на култура, Битола и на 4-ти март во Македонски народен театар, Скопје. Се работи за многу комплициран проект со повеќе од 30 професионалци кои доаѓаат од Сараево, и за жал, нема сме можност технички да се изведе претставата како би биле задржани сите театарски и сценски стандарди воспоставени од Сараевскиот народен театар.

Сите влезници ќе бидат автоматски рефундирани и средствата од истите може да ги очекувате во следните 14 работни дена. Рефундираните средства не легнуваат како прилив и повеќето банки ги книжат средствата на истиот ден на кој е извршена трансакцијата. Сите влезници набавени од некое од продажните мрежа на ticketx или билетарниците на МНТ и Дом на Култура може да се рефундираат на истото место од кое се купени.