Мирјана Карановиќ со „Марлена“ доаѓа и во Битола

Покрај претставата во Скопје, претставата ,,Марлена” на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3-ти март во ,,Дом на култура”!

Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3-ти март ќе одржи ексклузивна премиера во Битола, во ,,Дом на култура”

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (23-ти февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на ,,Дом на култура”, по цена од:

600, 700 и 900 денари.