Комедијата ,,Премиерот” премиерно во МНТ

На 4-ти март во Македонски народен театар премиерно ќе биде изведена новата претстава на Театар Хит, „Премиерот“. А после МНТ следуваат изведби ќе има ширум градовите.

,,Премиерот” е урнебесна хит комедија која ќе ја насмее публиката до солзи. Целата ситуација се случува во време на избори. Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации  публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот. Како е да си премиер? Како е соочувањето на кандидатите за премиер? Како се станува премиер? Кој се може да биде премиер? Како е да ја добиеш или изгубиш премирската столица? Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата? Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.

,,Премиерот” ќе ги насмее сите и е комедија во која нема вулгарности, туки низ призма на минатото, сегашноста, со свои видување на секој од нас кон иднината, ќе ја насмее публиката.
Во ликовите и ситуациите секој може да се препознае, бидејќи тоа што оваа комедија ја прави поразлична од другете е тоа дека е комедија за сите, без никого да навреди. Целта е да се насмееме, уживаме и да си погледнеме малку онаму каде ретко кој може да погледне.

Автор на текстот е Огнен Неделковски а режијата е на Сашо Ристовски. Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов и Ема Давчева.