Вајб продукција најавува уште еден интимен проект за кој со сигурност нема да е доволна една Македонска Филхармонија, поради фактот кој се и што значат Нови Фосили, брендот и бендот кој повеќе од 50 години зрачи со својата енергија, со огромен придонес во поп-рок културата и светски признанија од типот на Евровизија, во времето кого навистина се бираше квалитет.
Задоволството ќе биде на сите нас, после 30 години повторно да ги слушнеме во живо евергрините „Еј мој Саша”, „За добра ,стара времена”, „Јас сам за плес”, „Милена” и други.
Влезници се во продажба од 14-ти февруари (среда) онлајн на ticketx.mk или во продажната мрежа на Ticketx ширум Македонија. Наш совет е да бидете исклучително брзи во среда наутро!
