Детската хит комедија ,,Далматинко” во Битола

Најмлада публика во Битола на 12-ти февруари од 18 часот ќе има можност да ја погледне детската урнебесна хит комедија за деца ,,Далматинко”.

Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно.


Со многу комични ситуации, музика, интеракција со децата и педагошки елементи ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката и преку театарскиот јазик ќе им прикажеме на децата колку е важно да сме сите заедно како едно.

Продукцијата е на Театар ХИТ од Скопје. Автор и режисер е Сашо Ристовски, а играат: Бранко Атанасов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.

Влезници можете да купите од веб страната на НУ Народен театар Битола
или од билетарата на НУ Народен театар.