Спектакуларни два концерти MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 со Камерен оркестар на Битола

Минатиот викенд (03.02 и 04.02), Битола беше центар на музичкиот универзум, благодарение на двата неверојатни концерти на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect. MTV The Greatest Hits Volume 2 го оживеа духот на 80-тите и 90-тите во срцата на сите присутни.

Од самиот почеток на концертот, атмосферата беше исполнета со емоции и возбуда, додека публиката уживаше во два часа магично музичко патување. Проектот, кој првпат дебитираше минатата година и веднаш привлече огромно внимание, оваа година се врати со освежен репертоар.

Покрај незаборавните хитови на Tina Turner, Michael Jackson, Toni Braxton, присутните имаа можност да се потсетат и на дел од најдобрите рок хитови кои ја обележаа златната доба од легендарните Guns N’ Roses, Queen и многу други изведени во оркестарски аранжман.

Композициите беа во изведба на Ирена Димовска, Полина Тасева, Агни Авшар, Ана
Петановска, Јасна Димитровска, Мила Николовска, Огнен Димовски и специјалната
гостинка Donna Marina Martensson  – женскиот вокал на светски познатата авангардна
музичка група Лајбах.

Целата атмосфера ја надополнуваа вокалите на хористите од поп-рок хорот БИТВОКС предводен од Марина Коруновск и  балетските играчи – солисти при национална опера и балет. Во реализацијата на една од изведбите на композиција од култните The Prodigy се вклучуваат и членовите на КУД Илинден Битола.

Огромниот интерес за проектите на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect не е само признание за нивната професионалност и музичка подготвеност, туку и доказ за љубовта што публиката ја има кон Камерниот оркестар. Од Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect упатуваат огромна благодарност до сите кои ги поддржуваат и им даваат мотивација да создаваат поинтересни и повосхитувачки проекти.

Како што изјавија од оркестарот, без поддршката на публиката тие не би биле тоа што се сега.Овој проект како и претходните проекти на оркестарот беа распродадени за помалку од 6 часа. И ова не е само успех за Камерниот Оркестар на Битола, туку и за сите кои непрекинато ја поддржуваат уметноста и културата.

За повеќе информации,следете ги профилите на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect  на социјалните мрежи Facebook и Instagram , или посетете ја нивната веб страна   www.chamberorchestrabitola.com

фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски