Следниот проект на Авалон Продукција можеби е невообичаен, но е секако специјален.
На 3-ти март, во Македонска филхармонија, сите ќе имаме можнот да ја гледаме сигурно една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ во улога на контроверзната германска ,,femme fatale”, холивудската глумица, пејачка и активистка, Марлен Дитрих.

Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3-ти март ќе одржи ексклузивна премиера во Македонска филхармонија.
,,Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите” Марлен Дитрих беше таков уметник”.
А, таква е и оваа претстава.
Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (5-ти февруари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и
ВИП – 2.000 денари.