Камерниот оркестар на Битола – MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s сега како Volume 2 – галерија

Синоќа во Центарот за култура – Битола се одржа првиот од двата концерти MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 на Камерниот оркестар на Битола.
По незаборавниот успех минатата година со два распродадени концерти во Битола и Скопје во рекордно време од само неколку часа, проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s сега како Volume 2 и овој пат се распродаде во рекордно време од неколку часа.

Овој пат со изменет репертоар и акцент на незаборавните рок хитови од легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера со посебен шарм и визуелно беспрекорна организација.

Публиката ги слушна во оркестарски аранжман хитовите на Guns N’ Roses, Europe, Тина Тарнер, Сем Браун, Тони Бакстер, QUEEN и многу други кои ги одбележаа 80-тите и 90-тите години на популарниот музички канал МTV.

Композициите беа во изведба на Ирена Димовска, Полина Тасева, Агни Авшар, Ана Петановска, Јасна Димитровска, Мила Николовска, Огнен Димовски и специјалната гостинка Dona Marina Martensson – женскиот вокал на светски познатата авангардна музичка група Лајбах а сите во придружба поп-рок хорот БИТВОКС

фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски