Објавени резултатите од вториот рок на конкурсот за финансирање филмови

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување. 

 Со 1,27 милиони евра поддржани се долгометражните филмови: „Роден да живее“ на Кастриот Авдили во продукција на „Дарданиа филм“ со 450.000 евра. Стојан Вујичиќ доби 420.000 евра за „Снешко“ во продукција на „Дрим фектори“ и „Не се согласувам“ на Кристијан Ристески во продукција на Фокус покус“ со 405.000 евра.

Со вкупно 130.000 евра поддржани се три долгометражни играни филмови со македонски малцински удел. Поддржани се и два долгометражни документарци, „Последниот сведок“ на Мерита Сали Чочоли и „Еден друг град“ на Роберт Јанкуловски, а во оваа категорија поддржани се уште два филма со македонски малцински удел, на продукциите. Кај краткометражните филмови поддршка добија вкупно 6 играни од кои 4 се на дебитанти, како и вкупно 4 куси документарци од кои 3 на дебитанти. Поддржани се и вкупно два куси анимирани филмови од кои еден е дебитантски, како и еден со македонски малцински удел.