2 концерти MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 со Камерен Оркестар на Битола распродадени за само 6 часа

Два концерти MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 со Камерен Оркестар на Битола распродадени за само 6 часа

По незаборавниот успех минатата година со два распродадени концерти во Битола и Скопје во рекордно време од само неколку часа, проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect се враќа на сцената! Оваа година, публиката ќе ужива уште еднаш во магијата на златните години на музиката, со изменет репертоар кој вклучува и незаборавни рок хитови од легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера како што се Guns N’ Roses, Queen и многу други.

Интересот за првиот концерт MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 кој е закажан за 03.02.2024 година, Центар за култура, Битола со почеток од 19.30 часот беше огромен, и билетите за истиот беа распродадени за само 3 часа. Поради тоа, Камерниот оркестар на Битола објави уште еден концерт наредниот ден – 04.02.2024, кој исто така беше распродаден во само неколку часа.

За задоволството на публиката да е уште поголемо вонвременските хитови од 80-тите и 90-тите ќе бидат изведени од Dona Marina Martensson (женскиот вокал на светски познатата авангардна музичка група Лајбах (Laibach), Полина Тасева, Ана Петановска, Агни Авшар, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Мила Николовска, Огнен Димовски, и извонредниот поп-рок хор БИТВОКС.

Камерен оркестар на Битола изразува огромна благодарност до публиката и нејзината непрекината поддршка и ентузијазам, кои како што велат тие им даваат мотивација да продолжат да создаваат уште поинтересни и повосхитувачки проекти.

За повеќе информации, како и слики од минатата вечер, следете ги профилите на Камерен Оркестар на Битола на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната веб страна www.chamberorchestrabitola.com