Градиме нови мостови преку уметноста и културата

Во рамки на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ кој го имплементира граѓанската организација СУМНАЛ  на ден 26.01.2024 година учениците од училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и “Даме Груев“ од Битола  ја посетија црквата „Св. Димитриј“ – Битола.

Целта на посетата е да се зголеми меѓусебното културно разбирање за религијата и обичаите на мнозинството со запознавање на уметноста на резбата претставена на иконостасот и иконописот, претставен преку иконите на самиот иконостас и околните ѕидови.

Водичи и едукатори на групата при оваа посета беа протоерејот Зоран Димовски и ликовниот уметник и иконописец г-дин Николче Српчански.

Проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.