
Почетокот на новата година, НУ Народен театар Битола го обележа со најновата премиера на култната драма „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов. Пред големата премиера на 26 јануари претставата се одигра два пати и на истата присуствуваа средношколците од битолската гимназија. Доколку, пак, првата реприза беше на 27 јануари.
лица:







Вујко Вања е претстава за страста, за губењето, за семејството и за разочарувањето, за општествената опресија и за животните избори, за староста, за тагата, но и за надежта, што константно нѐ тера да одиме напред и упорно нѐ стимулира, одново и одново да продолжуваме да живееме!, додаде режисерката Софија Ристевска Петрушева
Ја имавме можноста да поразговараме со актерите кои ги толкуваат улогите во претставата, кои со нас ја споделија радоста и возбудата што ја чувствуваат за овој проект.
Летово ја добив поканата од Софија и ќе кажам дека сум многу среќен што ќе ја играм и дека сум со моите колеги во оваа премиера. Ја започнав работата на претставата со една реплика од вујко Вања, дека со ноќи не спијам од јадови и лутина што така го потрошив животот, а можев да го имам сето она што сега не ми го дозволува мојата старост. Тоа е брилијантна филозофија на Чехов и оттаму почнав да ги согледувам нештата. – вели актерот Петар Горко кој ја толкува главната улога на Војницки, Иван Петрович – Вујко Вања

Најдобриот и најуспешниот театарски ансамбл во нашата земја, со ова ремек-дело докажаа дека театарот во Битола не престанува да ја воодушевува публиката и гордо ја продолжува традицијата и ја афирмира културата на градот. Ова е потврдено и со громогласниот аплауз на публиката која ги поддржа сите учесници во проектот.
Оваа година Петар Горко слави 35 години од првата професионална претстава, а Никола Пројчевски, 20 години. Во чест на нивните јубилеи, по завршувањето на премиерната на претстава министерката Бисера Костадиновска Стојчевска им врачи симболичен поклон -репродукција на иконата од “Белиот ангел“ од Курбиново.

Следните изведби на претставата ќе бидат на 02.02.2024(петок) и 03.02.2024(сабота) во 20.00h.
ПРЕТСТАВАТА ЈА РЕАЛИЗИРАА:
Режисер: Софија Ристевска
Драматург: Билјана Крајчевска
Користени преводи: А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д.Биљановски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз
Композитор: Александар Талевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски
Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски
Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Мирко Лазаревски
Леонид Ташовски
Фотографии од премиера: Диоген Хаџи-Коста Милевски


