Музичко-поетска вечер со Иван Босиљчиќ во Скопје

Вајб Продукција го најавува нивниот следен интимен проект насловен “NAŠE VEČE” со регионалната актерска ѕвезда – Иван Босиљчиќ.

Театарскиот, филмскиот и серискиот актер со неверојатни вокални способности на 9-ти Март (сабота) во Националната Опера и Балет во Скопје во придружба на неговиот бенд ќе ја донесе магијата на поетското пеење.

Влезници во продажба од 26-ти Јануари (петок) во продажната мрежа на Тicketx ширум Македонија и онлајн на ticketx.mk по следниве цени и категории : Партер 1500 денари и Галерија 1200 денари.

Само 650 влезници во продажба според капацитетот на МОБ , затоа бидете брзи!